„Фискална во рака награда без мака“: Станот - прва награда за Весна Угриновска од Велес

02.07.2014 10:59

По кумановецот Трајко Кузнамовски, велешанката Весна Угриновска е добитничка на вториот стан од наградната игра „Фискална во рака награда без мака“. Во наградната игра учествувало целото семејство Угриновски, а Весна открива дека со нејзиното име и презиме имало пет плика...

Весна Угриновска е добитникот  на стан во Скопје од наградната игра „Фискална во рака награда без мака“.  Оваа девојка за себе вели дека е љубител на игрите на среќа, но во ниту еден момент не помислила дека среќата толку ќе и се насмевне па премијата од оваа наградна игра ќе заврши во нејзините раце.

„Наj искрено не, никогаш досега ми се нема паднато ваква голема награда. Имам играно ама немам добиено досега ништо“, рече Весна Угриновска добитничка на стан од наградна игра „Фискална во рака награда без мака“.

Ги брои деновите кога ќе ги добие клучевите од станот, но сеуште незнае дали наскоро ќе се всели во него.

„Па уште немаме одлучено што ќе биде со станот ама во секој случај е добредојден секако дека може и таму да се преселиме, ќе видиме“, рече Угриновска.

По седми се извлекуваа награди од наградната игра „Фискална во рака награда без мака“.Покрај станот се доделија и дуќан во Аеродром, автомобил „Пежо 208“ и многу други награди.

 

Дијана Иванова