Македонија

Најавено линеарно зголемување на пензиите од септември

29.06.2024 11:04

Редовна пензија ќе добијат над 330.000 граѓани, а овие лица наскоро ќе добијат и сериозно покачување, според најавите на новата влада. Согласно одлуката од вчерашната владина седница, во месец септември ќе следи линеарно покачување на сите пензии во висина од 2.500 денари...

Во понеделник, на први јули, ќе се изврши исплатата на пензиите за месец јуни.

Редовна пензија ќе добијат над 330.000 граѓани, а овие лица наскоро ќе добијат и сериозно покачување, според најавите на новата влада. Согласно одлуката од вчерашната владина седница, во месец септември ќе следи линеарно покачување на сите пензии во висина од 2.500 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера одржа средба со Здружението на пензионерите во Велес, на која подвлече дека ветувањето за повисоки пензии кое им го дале таму во 2023 година го реализирале во првите пет дена од формирањето на Владата.