Место за пиење водата во струмичко се користи за наводнување
Место за пиење водата во струмичките општини ја користат и за наводнување на земјоделски посеви заради што двојно или тројно е зголемена потрошувачката. Во Босилово стравуваат да не се повтори сликата од пред три години а во Струмица проблем се дивите приклучоци...

Високите температури ја зголемија потрошувачката на вода за пиење во општините од струмичкот регион. Во Босилово три пати е зголемена се поради нерационалниот користење. Водата за пиење се користи за наводнување на дворови, бавчи посеви.
И во општина Струмица е дуплирана производството на вода. Во мај дневно се произведувале околу 450 сега околу 700 кубици вода на час. Комуналец проблем има и со дивите приклучоци.
Не е поразлична сликата и во општините Василево и Ново Село од каде апелираат при овие високи температури рационално да се користи водата.
Ване Трајков
