ЕП 2024

Швајцарија и Италија го отвараат осминафиналнето на ЕП 2024

29.06.2024 12:17

Осмонафиналните битки почнуваат со мечот меѓу Швајцарија и актуелниот освојувач на трофејот Италија во 18 часот по наше време, а вечерва од 21 часот домаќините и Данска ќе излезат на терен...

Денеска во Германија ќе продолжи 17. издание на Европското фудбалско првенство.

По два дена одмор по завршувањето на групната фаза, осминафиналните битки почнуваат со мечот меѓу Швајцарија и актуелниот освојувач на трофејот Италија во 18 часот по наше време, а вечерва од 21 часот домаќините и Данска ќе излезат на терен. Бундестимот ќе бара пласман во четвртфиналето, но најпрво треба да го совлада цврстиот тим на Данска. Избраниците на Јулијан Нагелсман ја завршија групната фаза без пораз по двете комфорни победи над Шкотска и Унгарија и ремито со Швајцарија, а замената Никлас Филкруг го обезбеди првото место на Германците во групата А со доцното израмнување против Швајцарците. Скандинавците, полуфиналисти на ЕП 2020, ги поминаа групите со три ремија против Словенија, Англија и Србија, завршувајќи на второто место во групата Ц само поради нивниот подобар пласман по европските квалификации над Словенците. Данците тешко постигнуваат голови, но подеднакво тешко му даваат голови на Каспер Шмајхел, па ќе се обидат повторно со дисциплина да ги изненадат домаќините уште пред четвртфиналната фаза.

Во раниот натпревар на Олимпискиот стадион во Берлин, Италија ќе бара да ја продолжи одбраната на титулата против добро организираниот тим на Швајцарија. Избраниците на Лучано Спалети едвај стигнаа до осминафиналето, откако ја совладаа Албанија со 2-1 на отворањето, губејќи тесно од Шпанија со 0-1.

Победникот од двојката Швајцарија-Италија ги чека Англија или Словачка во четвртфиналето, додека Германците или Данците во осминафиналето ќе се сретнат со Шпанија или Грузија.