Прилеп

Прилеп изгради градинка, но не работи

29.06.2024 12:44

Никој во Прилеп не може да каже кога ќе биде отворена новата детска градинка која треба, колку-толку да го реши недостигот од капацитети за згрижување на децата од претшколска возраст. Се доцни повеќе од две години...

Децата пораснаа, заминаа в училиште, не беа згрижени во градинката. Повеќе од две години се чека да профункционира градинката во прилепската населба Точила. Треба да згрижи 252 деца и да го ублажи недостигот од капацитети. Сега на список за упис чекаат околу 300 деца.

Градинката е единствената од шесте во Прилеп што се гради од парите на прилепчани, односно локалниот буџет.

Градинката има опрема. Треба да се уреди внатрешната ограда и оградниот ѕид.

Шесте градинки се со максимално исполнет капацитет. Неизвесно е дали градинката ќе почне со работа наесен. Објектот чини околу 130 милиона денари. Општината ги плаќа ратите, граѓаните чекаат.

 

Елизабета Митреска