Секој денар во домашниот буџет е добредојден, велат пензионерите
Донесена одлука на владината седница за линеарно зголемување на пензиите. Ќе се зголемат за 5 илјади денари. Половина од парите ќе бидат исплатени во септември, а останатите во март...

Секој денар во домашниот буџет е добредојден – велат пензионерите по владината одлука за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Едногласни се дека оние со помали пензии треба имаат поголемо покачување.
Потребно е системско и долгорочно решение за пензиите со измени на Законот, порачува претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова.
Премиерот Мицкоски на вчерашната средба со пензионерите во Велес, истакна дека првичното планирано зголемување од 5.000 денари во септември било оневозможено поради тоа што недостасуваат 2,5 милијарди денари за тековната исплата на платите. Но, сепак ќе се реализира пред предвидениот рок од една година.
Во септември следува првото покачување на пензиите за 2.500 денари, следното со ист износ ќе биде во март догодина.
Александра Велинова
