Македонија

Двете лица каснати од змија во велешко се во стабилна состојба

29.06.2024 14:57

Велешаните кои беа каснати од змија отровница се наоѓаат во релативно стабилна состојба, информираат од Инфективната клиника во Скопје...

Велешаните кои беа каснати од змија отровница се наоѓаат во релативно стабилна состојба, информираат од Инфективната клиника во Скопје. Додаваат дека откако вчера обајцата биле примени во потешка состојба, им бил ставен противотров по што состојбата се стабилизира, но истата и натаму се следи и се прават неопходните испитувања.

Двајцата велешани на возраст од 76 и 64 години наишле на змиско гнездо додека работеле на лозје во близина на војнички мост, кај селото Војница.

Обајцата биле каснати на рацете, по што со возило од итната медицинска помош биле префрлени најпрвин во велешката болница, а откако им се влошила состојбата, биле префрлени на Инфективната клиника во Скопје.