Србија

Со самострел нападнат припадник на полицијата во Белград, напаѓачот убиен

29.06.2024 15:16

Припадник на српската Жандармерија е застрелан со самострел во вратот пред амбасадата на Израел во Белград, пренесува Радио-телевизија Србија. Полицаецот во самоодбрана го застрелал овој напаѓач...

Припадник на српската Жандармерија е застрелан со самострел во вратот пред амбасадата на Израел во Белград, пренесува Радио-телевизија Србија. Полицаецот во самоодбрана го застрелал овој напаѓач, кој починал на лице место, а според неофицијални информации на местото на настанот дошол со автомобил.

Министерот за полиција на Србија Ивица Дачиќ, соопшти дека непознато лице, чиј идентитет се утврдува, пукало од самострел во припадник на Жандармеријата кој бил на должност обезбедување на амбасадата на Израел. РТС наведува дека полицаецот во свесна состојба бил префрлен во Ургентниот центар, каде ќе биде извршена операција за вадење на стрелата од вратот.