МНР

МНР со реакција за пописот во Албанија

29.06.2024 15:22

Македонското МНР, констатира дека нерегуларностите на кои укажуваа македонските здруженија резултирале со податоци кои не ја одликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата...

Македонското МНР со загриженост ги следи случувањата по објавените резултати од пописот во Албанија. Констатира дека нерегуларностите на кои укажуваа македонските здруженија, резултирале со податоци кои не ја одликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата.

„Дополнително, министерството изразува незадоволство и остро реагира на употребата на термин „Северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница“, стои во соопштението од МНР.

Сериозниот удар е нанесен на Македонија, Македонците и македонското малцинство во Албанија и ова не треба да остане без реакција од нашата држава нагласуваат од македонските здруженија во Албанија. Партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, бара повторување на пописот.

Велат бројките се нереални и не може во Албанија да има двојно повеќе Бугари отколку во Македонија, бидејќи на ниту еден претходен попис немало луѓе кои се изјасниле како Бугари.

Македонското МНР веќе го повика амбасадорот Данчо Марковски, на консултации за разгледување на можностите за корекција на направените пропусти, но и за унапредување на односите со Албанија.

 

Миле Ристески