Се прават последните подготовки за гласањето на нов претседател на СДСМ
Во СДСМ утре над 23 илјади членови на 77 места ќе гласаат за нов претседател на партијата. Се прават последните подготовки за гласањето. На гласачкото ливче има четири имиња, но кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска испратила официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во партијата дека ја повлекува кандидатурата. Наведува дека вчера на состанокот во партијата информирала за забелешките за точноста и легитимноста на избирачкиот список, но не добила одговор кој ги побива тврдењата.

СДСМ се подготвува за избор на нов партиски лидер. Гласачкиот материјал се дистрибуира до партиските изборни комисии, а од централата се надеваат на фер и демократско гласање. Еден од кандидатите обвини за нерегуларности во врска со списоците, но од СДСМ уверуваат дека процесот ќе биде легитимен.
На гласачкото ливче има четири имиња, поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, ексминистерот за здравство Венко Филипче и поранешниот заменик министер за администрација Александар Бајдевски.
Ќе се гласа од 8 до 20 часот на 77 локации, а претседател ќе избираат 23.373 партиски членови.
Анита Димитријевска-Велковска
