САД
Тропската бура Берил се формира во Атлантскиот океан
29.06.2024 16:45
Метеоролошката служба на Барбадос рано утринава издаде предупредување за ураган за земјата...

Тропската бура Берил денеска се формира во Атлантскиот океан и би можела да стане првиот ураган во годината пред да стигне до Карипското Море на почетокот на следната недела.
Метеоролошката служба на Барбадос рано утринава издаде предупредување за ураган за земјата.
Берил е втората именувана бура во Атлантскиот Океан оваа сезона на урагани, која обично трае од 1 јуни до 30 ноември. На почетокот на месецов тропската бура Алберто го погоди брегот на североисточно Мексико со поројни дождови во кои загинаа четири лица.
Според Националниот центар за урагани во Мајами, Берил се движи кон запад. Максималната брзина на ветерот е 64 километри на час.
