ЦУК: Почина планинар по пад во провалија кај Маврово-Ростуше
Денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри...

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри.
Во пријавата било потенцирано дека лицето при падот се здобило со сериозни повреди на главата, имало крвавење и било во состојба на бессознание.
Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“.
По барање на ЦУК во извлекување на лицето се интервенирало со хеликоптер на МВР и тим на специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
Лицето со хеликоптерот било транспортирано до ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК.
