Фудбал

Швајцарија ја елиминираше Италија од ЕП

29.06.2024 20:31

Европа и дефинтивно ќе има нов шампион, Швајцарија славеше победа од 2:0 во Берлин и така ја елиминираше Италија од Европското првенство...

Европа и дефинтивно ќе има нов шампион, Швајцарија славеше победа од 2:0 во Берлин и така ја елиминираше Италија од Европското првенство. Победата на Швајцарците е апсолутно заслужена, Италија не одигра скоро ништо и во цел натпревар немаше ниту една посериозна прилика за гол.

Италија во текот на првите 45 минути не упати ниту еден удар во рамките од голот. Само што започна вториот дел Варгас со еден прекрасен гол зголеми на 2:0 и со оглед на она што го играше Италија веќе стануваше јасно дека Швајцарија ќе биде првата репрезентација која ќе се пласира во четвртфиналето.