Протести против „Бехтел и Енка“, на потег се државата и судовите
Речиси два месеца жителите на Оревоец и од Прилеп протестираат и не се откажуваат од барањата за запирање на ископите на „Бехтел и Енка“ кои сметаат дека им ги уништуваат живеењето и животната средина. Чекаат судот да донесе времена мерка, но и да реагира државата...

Жителите на прилепско Оревоец и прилепчани очекуваат судот да ја прифати времената мерка за стопирање на ископите на „Бехтел и Енка“ до селото кои, според нив, ги уништуваат водата, имотите и животната средина. Проектот нема ниту основни дозволи, елаборат Б-интегрирана дозвола. Очекуваат совесност од функционерите и друго решение за проектот преку локални концесии.
Протестите нема да запрат. И жителите и прилепчани велат дека немаат друго решение.
Освен, Основниот се чека да се произнесе и Уставниот суд.
Елизабета Митреска
