Исчезнато 14 годишно девојче во Грција, активиран е „Амбер алерт“
Хрисула Хрисовалантос, која има 14 години, исчезнала во четвртокот околу 20:30 часот и се сомневаат дека е киднапирана и одведена во областа Александрија Иматија.

Цела Грција е на нозе поради девојката која наводно била киднапирана во областа Лариса.
Хрисула Хрисовалантос, која има 14 години, исчезнала во четвртокот околу 20:30 часот и се сомневаат дека е киднапирана и одведена во областа Александрија Иматија.
Хрисула е висока околу 1,55 m и тежи 55 kg. Има долга кафена коса и темнозелени очи. Девојчето во моментот на исчезнување носело зелени шорцови и бела маица. Таа носела бели влечки.
Алармот го вклучила организацијата Детска насмевка која наведува дека девојчето било киднапирано од возрасен.
Секој со какви било информации за Хрисула се замолува да ја извести полицијата или здружението Детска насмевка. Граѓаните можат да се јават и на Националната телефонска линија за исчезнати возрасни лица или да поднесат информации преку апликацијата за предупредување за исчезнати лица.
