Канонизација на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска
Македонската православна црква Охридска архиепископија, Преспанско-пелагониската епархија и манастирот „Св. Јован Претеча“-Слепче од вчера ја започнаа канонизацијата на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска...

Македонската православна црква Охридска архиепископија, Преспанско-пелагониската епархија и манастирот „Св. Јован Претеча“-Слепче од вчера ја започнаа канонизацијата на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска. Светите мошти утрово беа донесени со литија од храмот „Св. Јован Претеча“-Слепче.
Објавувањето на одлуката на Светиот архијерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, се одржа утрово во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.
На канонизацијата на светата преподобномаченичка Стефанида присуствуваа високи црковнодостојници на МПЦ-ОА и на СПЦ, свештенослужители, како и на голем број високи црковни делегации од странство, монаштво и верници.
