Украина

Руските сили уништиле 36 дронови лансирани од Украина

30.06.2024 10:49

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 36 дронови лансирани од Украина во текот на ноќта во неколку региони во југозападна Русија, соопшти тамошното Министерство за одбрана...

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 36 дронови лансирани од Украина во текот на ноќта во неколку региони во југозападна Русија, соопшти тамошното Министерство за одбрана. Петнаесет беспилотни летала се уништени над регионот Курск, кој граничи со Украина, и девет над регионот Липецк, неколку стотици километри јужно од Москва, соопшти Министерството за одбрана на апликацијата за пораки Телеграм.

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пак, изјави дека сојузот меѓу Русија и Кина може да го подели светот, а западот има одговорност да спречи таква поделба.

Европскиот совет, во исто време, објави дека вовел нови рестриктивни мерки за Белорусија, за која тврди дека е вмешана во војната против Украина, додека началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија, Павел Муравејко изјави дека состојбата на границата со Украина се влошува.