Израел
Протести синоќа во Тел Авив, демонстрантите бараат нови избори и договор за ослободување на заложниците во Газа
30.06.2024 10:56
Илјадници луѓе синоќа во Тел Авив протестираа против владата на Нетанјаху, барајќи нови избори и договор за ослободување на заложниците кои сè уште се во заробеништво во Газа...

Илјадници луѓе синоќа во Тел Авив протестираа против владата на Нетанјаху, барајќи нови избори и договор за ослободување на заложниците кои сè уште се во заробеништво во Газа.
Демонстрантите запалија огнови и ракети додека полицијата се обидувала да ги контролира. Носеа слики од заложниците и транспаренти.
Израелците загрижени и за растечките тензии на северот на земјата каде што размената на оган меѓу армијата и Хезболах се зголеми, што носи ризик од војна на друг фронт во земјата.
