МОН

МОН: Неисплатената финансиска поддршка за основците и средношколците, ќе се исплаќа од утре

30.06.2024 11:15

Неисплатената финансиска поддршка за основците и средношколците, ќе се исплаќа од утре, соопштија од Министерството за образование и наука...

Неисплатената финансиска поддршка за основците и средношколците, ќе се исплаќа од утре, соопштија од Министерството за образование и наука.

Министерката Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право.

Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата која започнува од утре. Од МОН ветуваат дека младите ќе бидат во фокусот на политиките, а квалитетот на образованието и можностите за реализација на личниот потенцијал во границите на својата земја, плански и континуирано ќе се зголемуваат.