Прибак сака да игра за Македонија ама нема пасош
Ракометарот на Вардар Немања Прибак нашол заеднички јазик со РФМ да и помогне на нашата селекција на идното Европско Првенство во Данска. Но, во овој момент српскиот интернационалец нема добиено македонски пасош и затоа не може точно да се конкретизираат сите работи меѓу кои и точниот датум за правото на неговиот настап за Македонија.

Дури и ако во предвидениот рок бидат завршени сите формалности околу добивање на македонската патна исправа, и навреме биде пријавен во Европската Ракометна Федерација, Прибак најверојатно ќе мора да ја пропушти првата фаза во Хернинг. Причината е тоа што тој последен пат настапил за Србија на 16 јануари 2011 на СП во Шведска а според правилата на ЕХФ мора да се паузира најмалку три години за да може да се смени националниот дрес. Во тој случај, Прибак би добил право за настап во македонската репрезентација на 17 јануари 2014, а воведните дуели на ЕП, Македонија ги има на 12, 14 и 16 идниот месец против Данска, Чешка односнно Австрија.
Челниците на РФМ веќе контактираат со европската и со светската федерација, како и со раководните луѓе во српскиот ракомет, за да може на Прибак да му се обезбеди навремена натурализација и право да игра од почетокот на ЕП во Данска. Вториот кандидат за ракометен македонски пасош Ренато Вугринец нема проблеми од овој тип и може да игра за нашата селкција во Данска. Останува да го сочекаме уште и списокот на македонскиот слектор Ивица Ибрван, кој ќе биде објавен утре на прес конференција.