На Саркози му се закануваат пет години затвор?!

02.07.2014 11:45

Против поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози е покрената официјална истрага за корупција. Му се закануваат пет години затвор и глоба од половина милион евра за незаконско финансирање на изборната кампања во 2007-та.

Осомничен е дека со манипулација извлекол 150 илјади евра од ментално нестабилната милијардерка, сопственичката на Лореал, Вивијан Бетанкур.

Исто така, незаконски пари добил од поранешниот либиски лидер Гадафи, а за злоупотреба на функцијата при судски процес земал 400 милиони долари од контроверзниот тајкун Бернар Тапи.