Енергетика
Од утре нова цена на струјата
30.06.2024 12:21
Од утре струјата ќе биде поскапа за 0,4 насто за 88 проценти од домаќинствата. Со ова нема да биде предизвикан ценовен шок велат од Регулаторната комисија....

Од утре струјата ќе биде поскапа за 0,4 насто за 88 проценти од домаќинствата. Со ова нема да биде предизвикан ценовен шок велат од Регулаторната комисија.
За осум проценти од граѓаните кои имаат потрошувачка во трет блок – струјата ќе поскапи за 0,48%, за четири проценти од семејствата коишто се во четвртиот блок – трошоците за струја ќе се зголемат за 0,57%.
