ЦУК

ЦУК: Пожарот кај Василево е уште активен, се гаси со хеликоптер

30.06.2024 16:22

Со полициски хеликоптер се гаси пожарот кај Василево кој се заканува да се прошири на две села, информираат од ЦУК...

Со полициски хеликоптер се гаси пожарот кај Василево кој се заканува да се прошири на две села, информираат од ЦУК.

Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи вода кон опасниот крак.

Пожарот кој избувна вчера кај Василево, денеска почна да се разгорува и да се шири кон селата Сушево и Злеово. На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица.