Неколку лица исчезнаа во свечилиште поради обилните дождови во Швајцарија
Во Швајцарија неколку лица се водат како исчезнати во кантон Тичино на југоистокот на земјата, по свлечиште предизвикано од силни дождови што ја зафатија оваа алпска земја...

Во Швајцарија неколку лица се водат како исчезнати во кантон Тичино на југоистокот на земјата, по свлечиште предизвикано од силни дождови што ја зафатија оваа алпска земја, соопшти полицијата. Спасувачките акции се особено тешки поради лошите временски услови, додаваат од полицијата.
Апел за евакуација од куќите во близина на реката Маги е упатен рано утрово за жителите на Прат-Сорника и долината Маги, каде се бараат исчезнатите. Патиштата се пресечени, а камповите што се наоѓаат покрај реката се евакуирани, соопшти кантоналната полиција.
Водата однесе мост и блокираше кантонален пат. Струјата е исклучена во делови од регионот, а дел од кантонот остана без питка вода, според федералниот систем за предупредување Swissalert. Голем дел од Швајцарија од вчера попладне беше погоден од силни грмежи невремиња проследени со многу обилни врнежи.
