Средба Муцунски - О’Брајан во Дубровник
Соединетите американски држави со нетрпение очекуваат да соработуваат со новата влада на Северна Македонија и земјава да продолжи со напредок кон евроинтеграциите...

Соединетите американски држави со нетрпение очекуваат да соработуваат со новата влада на Северна Македонија и земјава да продолжи со напредок кон евроинтеграциите, напиша на платформата икс помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џим О’Брајан. Пораката на О’Брајан следува по средбата со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во рамки на форумот во Дубровник.
Министерот Муцунски се обрати на посебната сесија „Отворање на реформскиот потенцијал на Западен Балкан“. Нагласи дека новата влада е цврсто фокусирана на процесот на европска интеграција, преку обезбедување на европските стандарди дома – борба со криминалот и корупцијата, владеење на правото и економски развој.
