Влада
Мицкоски ќе присуствува на поставувањето камен темелник на нова детска градинка во Општина Бутел
01.07.2024 08:25
Како што соопштуваат од владината прес-служба, Бутел 2 по 60 години ќе добие нова детска градинка чиј капацитет ќе дозволи згрижување на над 200 дечиња...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, денес во Општината Бутел ќе присуствува на поставувањето на камен темелник на нова детска градинка.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, Бутел 2 по 60 години ќе добие нова детска градинка чиј капацитет ќе дозволи згрижување на над 200 дечиња. Инвестицијата е над 100 милиони денари. По завршувањето на настанот предвидени се изјави за медиумите.
