Франција

Екстремната десница извојува историска победа во првиот круг од изборите во Франција

01.07.2024 08:58

Екстремно десничарската партија Национален собир води во првиот круг од парламентарните избори во Франција...

Екстремно десничарската партија Национален собир води во првиот круг од парламентарните избори во Франција. Според анкетите на четири агенции, партијата на Ле Пен ужива околу 34 насто поддршка од гласачите. Таа повика на апсолутно мнозинство во вториот круг од изборите. Ле Пен, изјави дека таборот на претседателот Макрон е речиси целосно уништен.

„Со недвосмислено гласање, францускиот народ ја покажа својата желба да ја сврти страницата по седум години презирна и корозивна моќ“, изјави Марин Ле Пен, лидер на француската крајна десница.

Вториот круг од парламентарните избори ќе се одржи на 7-ми јули.