енергетика
Од денеска минимално зголемување на цената на струјата
01.07.2024 09:01
Со ова нема да биде предизвикан ценовен шок, посочуваат од Регулаторната комисија за енергетика...

Од денеска минимално поскапување на струјата за 0,4 насто за 88 проценти од домаќинствата. Со ова нема да биде предизвикан ценовен шок, посочуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Цената во првиот блок останува иста, за осум проценти од граѓаните кои имаат потрошувачка во третиот блок, струјата ќе поскапи за 0,48 насто, а за четири проценти од семејствата коишто се во четвртиот блок, трошоците за струја ќе се зголемат за 0,57 проценти.
