ЕУ

Унгарија од денеска претседава со ЕУ

01.07.2024 09:01

„Да ја направиме Европа повторно голема“, со ова мото, Унгарија го презема претседавањето со ЕУ...

„Да ја направиме Европа повторно голема“, со ова мото, Унгарија го презема претседавањето со ЕУ.

Еден од седумте приоритети на Будимпешта ќе биде политиката заснована на заслуги и политика на проширување. Унгарските власти се со став дека ЕУ не може да биде целосна без пристапот на Западен Балкан во блокот.

Покрај проширувањето, во шестмесечното претседавање, приоритети ќе бидат конкурентноста, одбраната, илегалната миграција, регионалниот развој, земјоделската политика и демографијата.