Холандија

Руте во својот проштален говор повика на поддршка за Украина, ЕУ и НАТО

01.07.2024 09:11

Марк Руте во своето последно јавно обраќање од функцијата шеф на холандската влада пред да стане генерален секретар на НАТО, ја повика својата земја да продолжи да дава поддршка за Украина и меѓународната соработка...

Марк Руте во своето последно јавно обраќање од функцијата шеф на холандската влада пред да стане генерален секретар на НАТО, ја повика својата земја да продолжи да дава поддршка за Украина и меѓународната соработка.

„Од клучно значење е нашата земја да биде интегрирана во Европската унија и НАТО. Заедно сме посилни отколку сами. Особено сега. Таа мисла треба да не мотивира да продолжиме да ја поддржуваме Украина, за мир таму и безбедност овде“, изјави Марк Руте, холандски премиер во заминување.

Руте е на функцијата премиер на Холандија од 2010 година. Новата влада, која се очекува да стапи на должност утре, вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина каде што и изминатиот викенд помина за жестоки напади од руската армија.