Израел

Масовни протести во Ерусалим

01.07.2024 09:17

Нови протести во Ерусалим. Полицијата се судри со демонстрантите кои се противат на одлуката на Врховниот суд да почнат да се пријавуваат за воена служба...

Нови протести во Ерусалим. Полицијата се судри со демонстрантите кои се противат на одлуката на Врховниот суд да почнат да се пријавуваат за воена служба.

Чуварите на редот употребија водени топови за да ја растераат толпата. Израелската одбрана ги продолжува операциите на северниот и во јужниот дел во близина на Рафах.

Нетанјаху вели дека се посветени на борбата додека не ги исполнат сите цели во Појасот Газа. Хезболах и израелската армија и натаму разменуваат оган во пограничната област со Либан.

Ако Израел започне целосна воена агресија, ќе има војна на целосно уништување, тврди Иран.