Турција

Експлозија во Турција, најмалку петмина загинати

01.07.2024 09:22

Најмалку петмина загинати, а десетици се повредени во експлозија на плин во ресторан во западна Турција...

Најмалку петмина загинати, а десетици се повредени во експлозија на плин во ресторан во западна Турција.

Според локалните власти, приведено е едно лице кое во саботата го заменило резервоарот за пропан.

Безбедносните камери ја снимиле експлозијата, која ја опустошила улицата и предизвикала мала штета на околните згради.