МВР
Црвен аларм за тероризам во Србија создаде метеж на ГП Табановце
01.07.2024 09:26
Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила...

Зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.
Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба, соопштуваат од МВР.
