Грција

Беснеат пожари во близина на Атина

01.07.2024 09:27

Големи шумски пожари беснеат во близина на Атина. На жителите од најмалку осум области во близина на главниот град на Грција им е наредено да се евакуираат...

Големи шумски пожари беснеат во близина на Атина. На жителите од најмалку осум области во близина на главниот град на Грција им е наредено да се евакуираат.

Над 230 пожарникари, авиони и хеликоптери се обидуваат да се справат со пламените јазици.

Топлото и суво време во комбинација со силен ветер придонесува за ширење на огнената стихија. Според грчките власти, на земјата и се заканува тешко лето.