Северна Кореја
Северна Кореја истрела две балистички ракети
01.07.2024 09:31
Северна Кореја истрела две балистички ракети, соопшти војската на Јужна Кореја. Лансирањето следи откако Пјонгјанг ја критикуваше заедничката воена вежба меѓу Сеул, Вашингтон и Токио и предупреди на офанзивен одговор...

Северна Кореја истрела две балистички ракети, соопшти војската на Јужна Кореја. Лансирањето следи откако Пјонгјанг ја критикуваше заедничката воена вежба меѓу Сеул, Вашингтон и Токио и предупреди на офанзивен одговор.
Јапонија ги осуди последните акции на Ким Џон Ун. Северна Кореја веќе долго се противи на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја сметајќи ги за проба за инвазија и доказ на непријателската политика.
