Украина

Продолжуваат борбите на укринскиот фронт

01.07.2024 09:58

На украинскиот фронт се водат околу 90 битки, соопшти Киев, а најинтензивни се во правците Харков и Покровск...

На украинскиот фронт се водат околу 90 битки, соопшти Киев, а најинтензивни се во правците Харков и Покровск. Руските сили тврдат дека започнале офанзива во регионите Харков, Запорожје, Доњецк и Керсон.

Продолжува и битката со беспилотни летала. Холандскиот премиер Руте во својот проштален говор од функцијата, пред да стане генерален секретар на НАТО, повика на поддршка за Украина.

Новата влада на Холандија се очекува утре да стапи на должност и вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина.