Партии
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со 9.000 гласови, колку што се потребни за советник во општина, стана лидер на СДСМ
01.07.2024 10:14
Еден Заев се замени со друг Филипче. Тажен завршеток на сагата за нов лидер, со стари навики, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ...

Венко Филипче со 9.000 гласови, колку што се потребни за советник во општина, стана лидер на СДСМ. Еден Заев се замени со друг Филипче. Тажен завршеток на сагата за нов лидер, со стари навики, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Филипче е одговорен за изгубени животи во ковидот и за, како што велат, матните тендери. Ако мисли Филипче дека ќе се спаси и кога ќе одговара за криминалите, ќе вика дека е политички реваншизам, овој пат тоа е најпогрешниот начин да избега од одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ
