УЈП

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

01.07.2024 10:19

Директорката Елена Петрова изјави дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик“ на УЈП, „нов амбиент“ и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација...

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата директор на УЈП, од заменик на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше раководител на Секторот за наплата и управување со долгови.

Директорката Елена Петрова изјави дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик“ на УЈП, „нов амбиент“ и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација.

„Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно“ вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат“ на граѓаните“, изјави Петрова.