Финансии

Годишно по 250 милиони евра за општините со ребалансот на буџетот

01.07.2024 10:24

На работниот состанок на премиерот Мицкоски со министрите за финансии и за локална самоуправа, утврден е начинот на кој ќе се распределат средствата за општините.

Со ребалансот на буџетот, кон крајот на месецов, Владата планира годишно за општините по 250 милиони евра, односно за четири години една милијарда евра. Целта е да се подобрат инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните. Сепак, прво проект, па пари.

На работниот состанок на премиерот Мицкоски со министрите за финансии и за локална самоуправа, утврден е начинот на кој ќе се распределат средствата за општините.

Средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура. На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби, вели премиерот Мицкоски.