Бугарија
Радев му го врачи првиот мандат за формирање влада на ГЕРБ-СДС
01.07.2024 10:36
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада...

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада. Според Уставот на Република Бугарија, Радев додели мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група – ГЕРБ-СДС.
Кандидат за премиер е Желјазков и самиот го претстави предлог-кабинетот во кој ќе има 19 министри.
„Ова е голема одговорност и тест“, изјави претседателот Румен Радев при врачувањето на мандатот за формирање влада на Росен Желјазков.
