Едно лице загина, едно е повредено во пукање во село Батинци
Во престрелка во село Батинци, едно лице загина, а едно лице е повредено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје. МВР трага по сторителите...

Едно лице почина, а едно е повредно и пренесено во Ургентниот центар во Скопје откако во нив било пукано од автомобил денеска во селото Батинци.
Во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од село Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје, соопштуваат од МВР.
Оттаму велат дека преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
