ЕВРО 2024

Англија на драматичен начин се пласираше во четвртфиналето, следен противник е Швајцарија

01.07.2024 11:50

„Трите лава“ веќе го знаат името на следниот противник, а тоа е Швајцарија. Сепак, статистиката покажува дека Британците треба да бидат прилично среќни поради овој факт.

Англија го одржа својот сон жив бидејќи по неверојатни напори, на драматичен начин и со многу среќа успеа да направи пресврт и да победи со 2:1 против Словачка во осминафиналето на ЕП 2024.

„Трите лава“ веќе го знаат името на следниот противник, а тоа е Швајцарија. Сепак, статистиката покажува дека Британците треба да бидат прилично среќни поради овој факт.

Англија нема пораз од Швајцарија веќе 13 натпревари по ред. Последниот беше од далечната 1981 година или пред 43 години.

Друг интересен податок е дека „Трите лава“ ги добија последните пет пресметки со „крстоносците“.