Култура
Почина познатиот албански писател Исмаил Кадаре
01.07.2024 12:20
Пишуваше главно по проза, но неговиот придонес се прошири и на драматургијата, поезијата и преводите...

Познатиот албански писател Исмаил Кадаре почина во болница во Тирана од срцев удар на 88-годишна возраст. Тој беше еден од најголемите современи писатели, академик, политичар, поранешен пратеник на Народното собрание.
Пишуваше главно по проза, но неговиот придонес се прошири и на драматургијата, поезијата и преводите. Неговите дела се преведени на 45 различни јазици, со што стана главен претставник на албанската литература во светот.
Неговото најпознато дело е „Генералот на мртвата војска“ а Кадаре неколкупати беше номиниран за Нобеловата награда за литература.
