Еко-активистите бараат да не се пали депонијата Шапкар кај Струмица
Пожарот на Готен кој се закануваше по неколку села во струмичко радовишкиот регион е ставен под контрола. Под контрола е и пожарот во депонијата Шапкар за кој еко активистите бараат одговорност…

Пожарот кој вчера се закануваше по населеното место Сушево на планината Готен е ставен под контрола, но сè уште има екипи кои дежураат. Тој се појави кај депонијата Шапкар кај Добрашинци, која речиси цела недела гореше при што се ширеше чад и неподнослива реа за што реагираа еко-активистите.
Танушев бара поголема контрола на депонијата Шапкар од страна на надлежните, за што ова прашање ќе го иницира и пред Советот на Струмица.
Вчера во гаснењето на пожарот учествуваа и полициски хеликоптери кои го стопираа пожарот на неколку метри од Сушево. Доколку се појави потреба, повторно ќе бидат ангажирани за целосно да се ликвидира.
Ване Трајков
