Македонија

Разузнавачките служби ќе функционираат во една агенција

01.07.2024 12:34

Тоа е дел од Програмата на Владата и тоа ќе го направиме во месеците коишто следат, рече премиерот...

Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е планот на новата Влада за разузнавачките служби.

Да, точно, планот и тоа е дел од Програмата за работа на оваа Влада. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност да се спојат и да се функционираат во една агенција и тоа можам да кажам дека ќе биде процес којшто ќе трае неколку месеци. Очекувам да заврши успешно во Парламентот, изјави Мицкоски.

Тоа е дел од Програмата на Владата и тоа ќе го направиме во месеците коишто следат, рече премиерот кој беше во Бутел на поставување на камен темелник на нова градинка.