Европскиот суд ја поддржа француската забрана за носење бурка на јавни места
Европскиот суд за човекови права ја отфрли тужбата на една французинка против државата за кршење на верската слобода...

Европскиот суд за човекови права ја поддржа француската забрана за носење бурка на јавни места и со тоа ја отфрли тужбата на една французинка против државата за кршење на верската слобода.
Франција има најголемо малцинство на муслимани во Европа. Се проценува дека се 5 милиони. Франција има и најрестриктивни закони за јавно изразување на верата.
Законот за забрана за носење бурка на јавни места е донесен од администрацијата на Саркози во 2010 година. Франција беше првата земја што донесе ваков закон против целосно покривање на лицето и телото. ХИНА пренесува дека одлуката на Европскиот суд за човекови права е конечна.
Соња Стојановски
