Замениците-министри ќе бидат познати до крајот на неделава
Наскоро на дневен ред на Владата, ќе дојде и Законот за локална самоуправа, најави премиерот Мицкоски...

До крајот на оваа недела ќе бидат познати замениците министри, изјави во одговор на новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски. Најави дека ќе има и нови именувања на директори на државни институции.
Наскоро на дневен ред на Владата, ќе дојде и Законот за локална самоуправа, најави премиерот Мицкоски и додаде дека се подготвува и законско решение за игрите на среќа, кое рече, ќе подразбира најпрво ревидирање на сите согласности дадени од претходната Влада.
Бидејќи ние сме длабоко убедени дека тука законите се прекршени и некој треба да има одговорност за тоа што ги прекршил законите затоа што мора неказнивоста да ја оставиме во минатото. Секој оној којшто ги прекршил законите и Уставот мора да одговара и тука не треба да имаме никакви дилеми … Второ, треба да го ревидираме пристапот, односно начинот на оданочување, начинот на услови, местоположба итн. Така што, тоа ќе биде едно поопфатно законско решение, кое ќе биде секако поправично, додаде Мицкоски.
