Политика

Мицкоски: Преспа е реалност, Договорот за добрососедство е веќе репреговаран

01.07.2024 14:00

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Преспанскиот договор е реалност и дел од уставниот и правниот поредок на земјата, а Договорот за добрососедство е веќе репреговаран, со до на т.н. „француски предлог“, Агелер посочи дека двата договори се завршена работа и нема ново преговарање за напредок кон ЕУ...

Преспанскиот договор е реалност и дел од уставниот и правниот поредок на земјата, а Договорот за добрососедство е веќе репреговаран, со додавањето „француски предлог“, од кои произлегуваат уставните измени – вели премиерот Христијан Мицкоски кој инсистира на репреговарање на тој договор и додавање на нов т.н. Француски предлог. Со ова шефот на Владата ја коментираше изјавата на американската амбасадорка која посочи дека двата договори се завршена работа и нема ново преговарање за напредок кон ЕУ.

Во излагањето за договорот за добрососедство премиерот Мицкоски вели дека досега од Меѓународниот суд за човекови права имаме 14 пресуди дека се нарушени правата на Македонците во Бугарија, а нема пресуда за нарушени човекови права на бугарската заедница во земјава. Правата на Бугарите во земјава се почитуваат, но бараме и бугарскиот претседател да ги почитува првата на македонската заедница во Бугарија“.

Мицкоски се осврна и на изјавата на Ахмети кој вели дека владата нема легитимитет оти тие не се во неа. Секој има право да ги користи демократските алатки, но наместо ДУИ во опозиција да се ревитализира, Али Ахмети ги дели Албанците на подобни и неподобни – рече шефот на македонската Влада.

 

Миле Ристески