Корисниците на социјална помош нема да плаќаат радиодифузна такса

02.07.2014 13:41

До сега мала е наплатата на радиодифузната такса од страна на оваа категорија на граѓани. Новата мерка нема да има негативни ефекти врз буџетот, смета министерот Спасов...

Примателите на социјална и постојана парична помош се трајно ослободени од наплаќање радиодифузна такса. Мерката е придвидена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој е веќе во собраниска процедура.

„Веднаш по стапувањето во сила на законот, Министерството за труд и социјална политика постојано редовно секој месец ќе доставува база на податоци на приматели на социјална и постојана парична помош со цел ЈП Македонска радиотелевизија да не фактурира радиодифузна  такса кон овие граѓани приматели на парична помош од страна на држава и кои реално се во најтешка состојба“, изјави министерот Спасов.

До сега мала е наплатата на радиодифузната такса од страна на оваа категорија на граѓани. Новата мерка нема да има негативни ефекти врз буџетот, смета министерот Спасов.

Редиците за евидентирање на плаќањето на радиодифузната такса ќе бидат минато за 34.000 приматели на социјална помош и 5.000 приматели на постојана парична помош.

Мининистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, најави дека ќе се интензивира и системот за креирање модерен и современ јавен радиодифузен сервис.

„Сме дискутирале и имаме конкретни заклучоци за коишто Здружението на новинарите на Македонија при донесувањето на законите тврдеше дека постои санациска програма во МРТ и се испостави  дека не е така“, дополни министерот Ивановски.

Работна група изнаоѓа модел за сигурна наплата на оваа такса и обезбедување квалитетни содржини на Јавниот Радиодифузен сервис.

 

Лука Андреев