Македонија

Македонскиот амбасадор во Албанија повикан на консултации во МНР

01.07.2024 14:31

Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, стои во соопштението.

Согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации, информираат од МНР.

Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, стои во соопштението.

МНР претходно реагираше на резултатите од пописот во Албанија, кои како што велат, не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци. По острата реакција на македонската дипломатија, Албанија ја исправи грешката со т.н. Северномакедонци и го внесе правилниот термин – Македонци.